Куманово – единствена општина со бесплатен превоз за сите спортски клубови

Сподели со своите пријатели

Куманово е единствената општина во државата што преку сопствено јавно претпријатие обезбедува бесплатен превоз за спортисти на локално и државно ниво.

Loading...

Ова го истакна градоначалникот Максим Димитриевски на седница на Советот на Општина Куманово.

– Општина Куманово е единствената општина што преку своето јавно претпријатие „Куманово Паркинг“ организира бесплатен јавен превоз не само на локално, туку и на државно ниво за сите свои спортски клубови, рече Димитриевски.

Тој појасни дека оваа услуга функционира и покрај ограничените капацитети, благодарение на вклученоста на самата општина во обезбедувањето на персоналот и поддршката за реализација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дневно и до 16.000 патници го користат бесплатниот јавен превоз во Куманово

– Им е определен скромен буџет да ги покриваат трошоците, бидејќи немаат возачи – позајмуваат возачи од општината – и ги транспортираат бесплатно нашите спортисти низ цела Македонија, да бидат во можност да учествуваат во сите клупски натпревари, додаде градоначалникот.

Според Димитриевски, оваа практика покажува директна поддршка кон спортистите и нивното учество на натпревари насекаде низ државата, без дополнителен товар за клубовите.

Никола Ивановски