Кумановка приложила фалсификуван ПЦР тест на аеродромот

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишна кумановка приложила фалсификуван ПЦР тест на скопскиот аеродром при влез во државата.

Loading...

– На 03.08.2021 во 12.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при извршени проверки било констатирано дека Е.И.(38) од Скопје приложила фалсификувани ПЦР тестови за неа и нејзините три малолетни деца, државјани на Австрија. Исто така, при извршени проверки било констатирано дека Љ.М.(31) од Куманово, со австриско државјанство, приложила фалсификуван ПЦР тест, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата биле задржани во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски


Leave a Reply