Кумановка пријавила обид за измама од 5.000 евра

Сподели со своите пријатели

Кумановка вчера за малку ќе била измамена за сума од 5.000 евра, откако ја побарало лице и ѝ рекло дека има анонимна пријава против нејзината фирма.

Loading...

– На 16.06.2021 во 19.00 часот во СВР Куманово, 45-годишна жена од Куманово пријавила дека едно лице се обидело да ја измами за сума од 5000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, околу 13.45 часот и се јавило лицето, кое лажно се претставило велејќи и дека имало анонимна пријава против нејзината фирма, но дека може да и помогне доколку плати 5.000 евра за услугата.

Како што е пријавено, таа се посомневала дека е предмет на можна измама и не ја прифатиле понудата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply