Кумановка физички ја нападнала својата 82-годишна сосетка

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишна кумановка е приведена под сомнение дека физички нападнала своја повозрасна сосетка.

Loading...

– На 07.08.2023, полициски службеници од СВР Куманово ја привеле И.В.(39) од Куманово поради сомнение дека во текот на денот физички ја нападнала нејзината сосетка Ј.М.(82) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски