Кумановец завршил со повреди, откако две лица го ограбиле

Сподели со своите пријатели

Кумановец се здобил со повреди, откако две лица му ги украле парите и мобилниот телефон.

Loading...

– На 21.09.2021 година во 05.12 часот во СВР Куманово, вработена на бензинска пумпа на улица „Индустриска“ пријавила дека кај нив има повредено лице. Според пријавеното, во близина на бензинската пумпа С.П. бил физички нападнат од две лица, при што му одзеле пари и мобилен телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски