Kумановец затекнат додека палел сува трева. Полицијата го уапсила!

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако бил затекнат како пали сува трева на улицата „Доне Божинов“.

Loading...

– На 02.07.2025 во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на ул. „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот, како што додаваат од МВР, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За шест часа 169 казни за возачите во Куманово и Тетово