Кумановец заразен со корона предизвикал проблеми во болница, полицијата интервенирала со заштитни одела

Сподели со своите пријатели

Кумановец заразен со корона предизвикал проблеми во болница, па полицијата морала да интервенирала со заштитни одела.

Loading...

– На 03.12.2020 во СВР Скопје од обезбедувањето на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во ковид-центарот едно лице го нарушува јавниот ред и мир со агресивно однесување кон медицинскиот персонал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По интервенција на полициски службеници, опремени во заштитна облека, лицето се смирило и констатирано е дека станува збор за С.В.(60) од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба, појаснуваат од полицијата.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ, а С.В. ќе остане на понатамошно лекување во центарот.

Никола Ивановски

Leave a Reply