Кумановец заработи кривична пријава за разбојништво и две кражби

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против П.Н.(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид и две кривични дела „тешка кражба“ на особено дрзок начин, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот во периодот од 21.11. до 01.12.2015 година, во Куманово ги извршил кривичните дела на тој начин што со закана со нож и употреба на физичка сила се обидел да и ја одземе ташната на Б.И.(37), а додека тешките кражби ги извршил врз Х.А.(55) и Т.А.(63) одземајќи им ги ташните и стекнувајќи се со вкупна имотна корист од 8.000 денари.

Против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.