Кумановец загина во сообраќајка: Со Југо излетал од мост

Сподели со своите пријатели

Шеесет и деветгодишен кумановец вчера загинал во сообраќајна несреќа што се случила на мостот на река Кумановка во селото Проевце.

Loading...

– На 17.12.2020 во 15.10 часот било пријавено дека на место викано „Бавчи“ во село Проевце, кумановско, на мост на река Кумановка, патничко возило „југо темпо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(69) од Куманово, излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на незгодата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply