Кумановец веќе 10 дена се води за исчезнат

Сподели со своите пријатели

Стојадин Марковски роден на 18.04.1953 година, веќе десет дена се води како исчезнато лице.

Loading...

Информациите за негово исчезнување Министерството за внатрешни работи ги објави на својата веб страница во одделот за исчезнати лица, со надеж дека некој од граѓаните ќе го препознае.

Марковски има 68 години и е од кумановската населба Карпош. Во недела на 14ти месецов излегол од дома доцна вечерта да чисти снег пред куќата и повеќе не се вратил. Утредента неговото семејство пријавило и во полиција.

Кога излегол од дома бил облечен во црвена јакна, афрмерки и бели патики. Живеел со неговата сопруга и нема блиски роднини.

Доколку некој го препознае нека се обрати во најблиската полициска станица или нека достави информации на вројот 192.

Никола Ивановски

Leave a Reply