Кумановец уценувал мајка на затворник: Ѝ изнудил скоро 15.000 евра

Сподели со своите пријатели

Скоро 15.000 евра исплатила мајка на затворник од Куманово кој се заканувал дека ако не добие пари ќе го нападне неговиот син.

Loading...

– СВР Куманово поднесена кривична пријава против Ш.И.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат.

– Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра. После тоа, тие и побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син, стои во соопштението на полицијата.

Никола Ивановски