Кумановец тешко повреден откако со возилото излетал од пат

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен кумановец е тешко повреден откако вчера со своето возило излетал од патот Куманово – Скопје.

Loading...

– На 28.12.2022 во 07.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, во атар на с.Љубодраг, кумановско, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(45) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат