Кумановец се заканувал на вработени во продажен објект

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера откако агресивно се однесувал и заканувал на вработени во продажен објект.

Loading...

– На 20.03.2024 во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.М.(47) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој во продажен објект на улица „Теофан Економов“ во Куманово агресивно се однесувал и се заканувал на вработените.

– Р.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски