Кумановец се заканувал на сограѓанин, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека упатил закани до свој сограѓанин.

Loading...

– На 16.04.2024 во 13.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(29) од Куманово затоа што му се заканувал на М.М.(32) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  2.000 деца од Скопје по земјотресот се школувале во Куманово