Кумановец се обидел да продаде лекови штетни за здравјето на луѓето

Сподели со своите пријатели

На 23.02.2018 година, до Основно Јавно Обвинителство Куманово е поднесена е кривична пријава против А.Љ. (33 години) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување“ од член 212 став 1 од КЗ на РМ.

Пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист во неутврден временски период од непознато лице набавил 44.600 капсули Трамадол од 50 мг. со натпис дека се произведени во Алкалоид Скопје. Со намера да ги стави во промет лековите што се штетни за здравјето на луѓето ги спакувал во две патни торби кои ги ставил во ПМВ Фолксваген Туарег со цел да ги продаде.

При редовна контрола на полициски службеници од СВР Куманово во селото Романовце извршен е преглед на возилото при што се пронајдени лековите и со потврда за одземени предмети се одземени од пријавениот.

Leave a Reply