Кумановец се обидел да лета со лажен ПЦР тест

Сподели со своите пријатели

Четири лица се обиделе да летаат со лажни негативни ПЦР тестови, а меѓу нив и еден 38-годишен кумановец.

Loading...

– На 21.02.2021 во 19.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест.

Лицата биле задржани за понатамошна постапка.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *