Кумановец приведен заради навреда и омаловажување на полицајци

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, околу 23,00 часот на крстосница од бул. 3 – та Македонска Ударна Бригада и ул. Народна Револуција , лицето Д.С. (31) кој управувал возило и претекнувал застаната колона на возила поради сторена сообраќајна незгода, од страна на полициски службеници кои го регулирале сообраќајот бил предупреден, по што започнал вербално да ги навредува и да ги омаловажува полициските службеници.

Loading...

Истиот бил приведен и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.