Кумановец приведен за кражба, полицијата му пронашла и прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец вчера бил приведен поради кражба на паричник, но и други кривични дела кои ги извршил, а при приведувањето полицијата му пронашла и прашкаста материја.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера во 11.30 часот на улица „Филип Втори Македонски” во Скопје од слобода е лишен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела.

– По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кривично дело „кражба” при што од чанта одзел паричник во кој имало 15.000 денари како и две платежни картички, информираат од полицијата.

Како што појаснуваат оттаму, по извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30.000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување.

По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства.

Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашкаста материја.

Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply