Кумановец приведен поради кражба од продажен објект

Сподели со своите пријатели

Четириест и двегодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека одзел повеќе предмети од продажен објект.

Loading...

– На 27.02.2024 во 11.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, тој се сомничи дека на 26.02.2024 од продажен објект на улицата „Доне Божинов“ одзел повеќе предмети.

М.Д. бил приведен во полициска станица и, како што додаваат од СВР Куманово, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило