Кумановец приведен откако физички ја нападнал сопругата

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец вчеравечер бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.

Loading...

– На 03.07.2022 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(28) од Куманово затоа што во семејниот дом во Куманово физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски