Кумановец превезувал дрва без лиценца

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец ќе одговара кривично бидејќи полицијата го фатила како превезува дрва за огрев, без притоа да поседува соодветна лиценца.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 16.09.2019 на локален пат с.Лопате-Куманово, пријавениот, без регистрирана дејност, во својство на физичко лице, со трактор вршел јавен превоз без лиценца на огревни дрва, со испратници од ЈП „Национални Шуми“-ПСШ Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply