Кумановец крадел од возила, полицијата го фатила на дело

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен откако полицијата го фатила на дело како краде од автомобили.

Loading...

– На 02.05.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Б.(36) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијат,а тој, со употреба на сила, од три патнички моторни возила на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полициски службеници.

Д.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Никола Ивановски