Кумановец ќе одговара за поседување хероин

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пушатање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внарешни работи.

Пријавениот, од непознато лице неовластено набавил и држел 10,58 грама наркотична дрога хероин. На 16.08.2017 година околу 20.45 часот, на паркинг на бул. „Октомвриска Револуција“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, ја пронашле дрогата и ја одзеле.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.