Кумановец ќе одговара за неовластено поседување оружје

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.М. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 08.11.2017 година околу 17.50 часот во Куманово, на Пчински пат, кај место викано „Менкова Колиба“, при преглед од страна на полициски службеници, кај пријавениот бил пронајден пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,62х25милиметри со рамка со пет куршуми.

Leave a Reply