Кумановец ќе одговара за фалсификување документи при купување возило

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен кумановец ќе одговара за фалсификување документи при купување возило и негов увоз во Македонија.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.Т.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во 2016 година, откако пријавениот во Р.Словенија купил моторно возило „хјундаи галопер”, изготвил фалсификуван купопродажен договор за возилото на начин што внел лажен датум на извршена купопродажба и лажни податоци за продавачот, поради тоа што возилото не ги исполнувало условите ЕКО4 стандард и можело да биде регистрирано од лице – државјанин на Република Северна Македонија, кое најмалку една година престојувало надвор од државата.

– Купопродажниот договор со невистинити податоци го приложил во неколку наврати пред Царинска управа, Министерство за економија-Биро за метрологија, Центар за хомологација и Отсек за управни работи при МВР, велат од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply