Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

Сподели со своите пријатели

Четириест и едногодишен кумановец бил приведен откако ја нападнал својата сопруга и се заканувал на останатите членови на семејството.

Loading...

– На 18.04.2024 во 20.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.З. (41) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, а потоа со остар предмет се заканувал кон членовите на неговото семејство, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило