Кумановец излетал од патот и загинал

Сподели со своите пријатели

Кумановец со иницијали Д.П. роден 1977 година вчера загинал откако со своето патничко возило марка „Голф 2“ излетал од патот од селото Арбанашко кон селото Кокино некаде помеѓу 11:00 и 11:30 часот.

Loading...

– Лицето со патничкото моторно возило било забележано во провалијата во утринските часови од случајни минувачи и веднаш пријавено во 08,00ч. во СВР Куманово и Противпожарна единица во Старо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Со едно противпожарно возило тамошните пожарникари излегле на терен, но помош побарале и од колеги од Куманово кои го сечеле автомобилот за да го извадат возачот.

Лицето, велат од РЦУК, било пренесено во Општата болница – Здравен дом Куманово со брза помош на понатамошна постапка и увид на починатото лице.

Никола Ивановски

Leave a Reply