Кумановец излегол да шета, а овчар го погодил со пушка

Сподели со своите пријатели

Кумановец се здобил со повреди на прошетка во селото Војник, Општина Старо Нагоричане, откако кон него пукал овчар со ловџиска пушка.

Loading...

– На 05.09.2022 во 21.18 часот во СВР Куманово, од Општа Болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.С. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Полициски службеници излегле на местото и во службен разговор со нив Ј.С. пријавил дека со поврдите се здобил во с.Војник, општина Старо Нагоричане.

Како што пријавил тој, додека шетал бил погоден од овчар, кој со воздушна пушка пукал кон кучиња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  22-годишник нападнат во кумановско Љубодраг

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски