Кумановец избегал од затвор па крадел во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец кој избегал од затвор, се сомничи дека извршил кражба од продажен објект во Крива Паланка.

Loading...

– На 16.04.2024 во 03.30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.З.(26) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека, откако избегал од казнено – поправна установа, од продажен објект во Крива Паланка одзел предмети и пари.

– Е.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците

Никола Ивановски