Кумановец и скопјанец ќе одговараат за фалсификување исправи

Сподели со своите пријатели

Две лица, едно од Куманово, второто од Скопје, ќе одговараат за фалсификување на исправи, употреба на исправа со невистинита содржина, но и злоупотреба на службена положба и овластување.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.В. (53) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, ДПУ „ЕЛЕКТРО ЛАЈТ“ ДООЛ увоз-извоз Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против В.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, откако извршил увоз и царинење на моторно возило „МAN“ од Р.Словенија во Р.С.Македонија на име на ДПТУ „ЕЛЕКТРО ЛАЈТ ДООЕЛ“, изготвил целосно фалсификувана потврда за исполнување на техничките барања, наведувајќи дека била издадена од овластен преставник.

Потврдата ја употребил на 12.04.2016 во прилог на барање за единечно одобрување на возило доставено до овластена фирма во Скопје, каде што бил отворен предмет, кој го земал третопријавениот.

Тој, иако било очигледно дека податоците во потврдата се невистинити, постапил спротивно правилникот за единечно одобрување на возило и издал потврда за сообразност за единечно одобрено возило за возилото, која првопријавениот ја употребил во прилог на барање за регистрација од каде врз основа на истата било извршено регистрирање на моторното возило и биле издадени македонски регистарски таблици и македонска сообраќајна дозвола, велат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply