Четириесет и двегодишник од Куманово бил приведн откако во село во Старо Нагоричане го нападнал својот 85-годишен дедо.
– На 18.05.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Т.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 85- годишен дедо, дека во семејниот дом во село во општина Старо Нагоричане, по кратка расправија, физички го нападнал, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

