Во среда, 21 мај, по полноќ ќе се реализира првиот третман на терестичка дезинсекција против комарци на повеќе локации низ Куманово и околните населби.
Акцијата ќе започне во 00:00 часот и ќе трае до раните утрински часови.
Со третманот ќе бидат опфатени подрачјата долж реката Кумановка, од Кумановска бања, преку село Проевце и месноста Бејтови ниви, па сè до кејот и површините околу реката низ градот.
Прскање ќе се врши и околу Градскиот парк, улицата „Никола Тесла“, кај ООУ „Толи Зордумис“, во Диво Насеље, Романовце, Зелен рид, долж булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, како и во централното градско подрачје.
Меѓу локациите опфатени со дезинсекцијата се и градските гробишта, кои се посочуваат како едно од најголемите легла на комарци, а посебен акцент ќе биде ставен и на просторот околу ЈЗУ Општа болница – Куманово.
Третманот ќе се спроведува со препаратот „ЦИТРОЛ УЛВ“, а доколку временските услови бидат неповолни, активностите ќе бидат одложени за првиот нареден ден со соодветни услови, информираат од Општина Куманово.
Никола Ивановски

