Кумановец физички ги нападнал родителите

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен кумановец вчера бил приведен бидејќи физички ги нападнал своите родители.

Loading...

– На 28.08.2022 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Г.(49) од Куманово затоа што во семејниот дом во Куманово физички ги нападнал неговите родители, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски