Кумановец дивеел на бензинска пумпа во с. Добрашане

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.М.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Пријавениот, на 13.11.2015 година, во 02,20 часот, во кафе барот на бензинската пумпа „Детоил“ во с. Доброшане-Кумановско, започнал вербална расправија со непознато лице-гостин во кафе барот, кој сакал физички да го нападне, а бил спречен од страна на вработените.

Потоа, пријавениот се вратил во објектот и со дрвен предмет ги нападнал вработените на бензинската пумпа Д.С.(33), Ч.С.(43) и гостите Д.С.(35), В.С.(22), М.М.(29) и Д.П.(24), нанесувајќи им телесни повреди, а го оштетил и инвентарот во објектот, како  и едно патничко возило „голф“ сопственост на Д.С.