Кумановец агресивно се однесувал кон сограѓанка во нејзиниот дом

Loading...
Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец бил приведен денеска по пријава дека агресивно се однесувал кон сограѓанка во нејзиниот дом.

– На 15.07.2024 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.К.(33) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека претходно агресивно се однесувал кон 44-годишна жена од Куманово во нејзиниот дом, информираат од кумановската полиција.

Како што додаваат оттаму, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  41-годишен кумановец ја нападнал поранешната партнерка