Кумановци покажаа хуманост, голем интерес за Куманизам = Хуманизам (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Бизнис заедницата од Куманово ја покажа својата хуманост на синоќешниот настан „Куманизам-Хуманизам“, кој го организираше граѓански центар АктивУм.  

Loading...

Тие, но и претставниците на локалната власт, имаа можност да донираат за социјалните ранливите категории граѓани преку котизација за учество во настанот, директни донации или учество во аукција на слики и фотографии, кои што беа изложени во Занаетничкиот дом.  

Хуманитарниот настан од забавен карактер, всушност имаше за цел да ја подигне на повисоко ниво општествената одговорност за солидарност.  

Обраќајќи се пред присутните, градоначалникот Максим Димитриевски изрази благодарност до организаторот, но и бизнис заедницата која се вклучила во овој донаторски настан. Тој посочи дека Куманово било и ќе биде хуман град.

-Лицата со телесен инвалидитет, хендикеп и со други останати вакви проблеми, се дел од нашето секојдневие. Се имплементираат голем број проекти во нашиот град токму за таа цел за да направиме една инклузија за ваквите наши сограѓани кои што за несреќа имале таква судбина но тие се составен дел на сите нас и нашата обврска како граѓани е не само да помогнеме туку првенствено да им дадеме поголеми можности. Денеска ја направив една од најголемите одлуки во досегашниот мој мандат од две години и три месеци и бев пресреќен. Дојде родител со дете кое што е слепо и побара вработување, дипломиран правник, магистар по правни науки и најдовме место во општината и се надевам дека со неговото знање и умеење но и со неговата челична волја за живот и функционирање ќе даде дополнителен придонес-посочи Димитриевски.

Loading...

На настанот присуствуваше и претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска која истакна дека граѓанскиот центар АктивУм е креатор на креативни и иновативни содржини кои ја збогатуваат културата и општествениот живот во нашиот град.

-Имаме несекојдневна можност да присуствуваме на еден специфичен донаторски настан кој ќе го афирмира донаторството со цел зголемена општествена одговорност во нашата заедница. Се разбира дека тоа секогаш мора да се работи со поддршка на бизнис заедницата, а општината и ние како општествени чинители сме исто така тука, да дадеме соодветен придонес. И овој настан е дел од проектот Култура за Куманово, Куманово за култура имплементиран од граѓанскиот центар Активум финансиран од Европската унија и спроведен и поддржан од УНДП и Општина Куманово. Ги повикувам сите донатори независно дали се тоа од редот на бизнисмените или другите одговорни, солидарни и хумани граѓани да се вклучат на овој начин бидејќи со тоа само помогаме да им се помогне не категоријата наши ранливи сограѓани-нагласи таа.

Грраѓанскиот центар АктивУм, во рамки на проектот неодамна  организираше и Уличен фестивал во Куманово, изложба на фотографии и работилници.

Е.Г.

Leave a Reply