Кумановци нападнале сограѓанин во казино

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово нападнале сограѓанин во казино, поради што едниот од нив бил и приведен вчеравечер.

Loading...

– На 27.11.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ц.(54) од Куманово затоа што околу 20.30 часот во казино на Плоштад „Маршал Тито“ во Куманово заедно со А.Н. физички го нападнале П.А.(45) од Куманово, при што употребиле и тврд предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме