Кумановци на масовна Бадникова прослава низ Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со музика и греена ракија членовите на здружението „Коледари“ денеска пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележаа Бадник.

Loading...

 

 

На прославата им се придружија огромен број граѓани кои пееја македонски песни.

Најпрвин беа на литургија во храмот „Свети Никола“, од каде со градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска прошетаа низ улиците во градот.

 

Loading...

 

Потоа со музика пристигнаа пред Центарот за култура, каде продолжи одбележувањето на празникот.