Куќен притвор за првиот човек на ДУИ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Бајрам Лимани од Лојане, кој е обвинет за убиството на Реџеп Исмаили (45) од Куманово, познат како командант Шипоња, е во домашен притвор наместо во притвор, пренесува СДК.

Кривичниот совет во Основниот суд Куманово, го преиначил решението на судијата од предходна постапка и мерката притвор за в.д. претседателот на разгранокот на ДУИ Куманово, и го заменил со куќен притвор. Лимани во петокот го напуштил притворот во Шутка и  ја издржува казната во домашни услови во Лојане.

Според извори од Кумановскиот суд, советот сметал дека со оваа мерка може да се обезбеди присуство на обвинетиот за судењето, нема да влијае врз сведоците затоа што сите дале исказ во полицијата и повеќето во судот, а обвинетите го признале делото за поседување на оружје.
Наспроти ова, адвокатот на семејството на Шипоња, вели дека е невообичаено за вакви кривични дела да се заменува мерката притвор, имајќи ја предвид тежината на кривичните дела убиство и убиство во обид и висината на предвидената казна, посебно што се работи за постапка која е во тек и трае.

Во Основниот суд Куманово, досега се одржани три рочиште за случајот Шипоња. Обвинетите го признале делото за недозволено поседување на оружјето, а на последното рочиште биле прегледани снимките од видео надзорот од местото каде се случила престрелката. Исказ дало и вешто лице, кое изготвило психијатриски извештај за обвинетите. На следното судење, кое е закажано кон крајот на август, ќе бидат испрашани сведоци на обвинителството.

Реџеп Исмаили (45), познат како командант Шипоња, беше убиен на 23 јули минатата година, во кафе барот „Шпија Јон“ на улицата 11Ноември во населбата Бедиње. Додека Лимани седел со своите пријатели, пристигнала петчлената група на Шипоња. Меѓу сопартијците настанала расправија која прераснала во физичка пресметка, по што било употребено оружје. Повредите на Шипоња биле фатални, а двајцата ранети го преживеаа нападот.

Помеѓу Лимани и Шипоња постоела нетрпеливост поради нивните амбициите да го водат огранокот на ДУИ во Куманово. По притворањето на Лимани, во огранокот на ДУИ во Куманово не е назначен нов претседател, туку избран е претседател на изборен штаб кој е задолжен да ги води активностите пред изборите.

Второбвинетиот во случајот Шипоња, А.Л. од Куманово останува во притвор во Шутка.

Текстот е преземен од СДК.МК

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.