КУД „Српски вез“ со новогодишен концерт во Белград

Сподели со своите пријатели

Културно уметничко друштво „Српски вез“ на почетокот на месец декември беше гостин на концертот на КУД „Плетеница“, кој се одржа во Центарот за култура „Семберија“ во Бијелина, Република Српска.

На концертот под назив „Срце игра“, Културно-уметничкото друштво  „Српски вез“ се претсави со својата најмала група, со младинскиот ансамбал, пејачката секција и својот оркестар.

 

Loading...

 

Како за крај на 2017 година на 27 декември КУД „Српски вез“ заедно со КУД „Бранко Радичевиќ“ организираат новогодишен концерт во тетарот на Нови Београд „Пинокио“.

Заедничкиот концерт е плод на добрата соработка а целта на концертот е разубавување на новогодишните празници, а воедно и зацврстување на пријателството помеѓу двете културно-уметнички друштва.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.