Кучето на Бајден 24 пати каснало агенти на Тајната служба

Сподели со своите пријатели

Новите документи покажуваат дека кучето на американскиот претседател Бајден, Командант, каснало агенти на американската тајна служба 24 пати.

Loading...

Досиејата покажуваат дека германскиот овчар им направил многу проблеми на телохранителите на претседателот, јавува Би-Би-Си.

Документите опишуваат најмалку 24 инциденти помеѓу октомври 2022 и јули 2023 година во кои кучето Командант каснало телохранител за рака, подлактица, лактот, појасот, градите, бутот или рамото.

Миленичето на Бајден ја напушти Белата куќа минатиот октомври, седум дена откако еден од агентите на Тајната служба мораше да оди во болница поради сериозно каснување.

Пред тоа, во јуни, кучето каснало телохранител за подлактицата, па морал да се сошие.

Поради крв на подот, обиколката на источното крило на Белата куќа беше прекината на 20 минути.

Во јуни, командант касна друг агент, овој пат за раката. Му требале шест конци.

Неговите колеги му дале пакет со лекови против болки, антибиотска маст, солзавец, муцка и кучешки колачиња, „за безбедносни мерки“.

Loading...

Еден висок агент рече дека агентите кои го чуваат домот на претседателот и неговото семејство мора да бидат креативни за да ја одржат сопствената безбедност.

„Поради каснувањето, моравме да ја прилагодиме нашата тактика кога Командант е наоколу. Нему треба да му се даде многу простор“, напишал анонимниот агент.