Куба прифати два милиони долари помош од САД

Сподели со своите пријатели

Хавана прифати помош од два милиони долари испратена од Вашингтон за што поскоро санирање на штетите предизвикани од ураганот Иан.

Loading...

Итната хуманитарна помош за народот на Куба, која САД ја испратија вчера, е невообичаен потег со оглед на историјата на нивните билатерални односи, пренесува АП.

Помошта вклучува 2 милиони долари во храна и залихи кои ќе бидат испорачани преку независни невладини организации кои имаат искуство веќе да работат на островот директно со засегнатото население, рече висок претставник на американската администрација кој побара да остане анонимен во согласност со владината политика.

„Ние реагираме на катастрофата со работа со нашите меѓународни партнери за да им обезбедиме помош директно на оние на кои им е најпотребна“, рече официјалниот претставник во телефонско интервју за АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Помошта ќе се дистрибуира преку „проверени меѓународни партнери“, како што се Црвениот крст, Американската агенција за меѓународен развој и УСАИД.

На почетокот на месецот кубанските власти испратија необично барање за итна помош до администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, откако ураганот Иан ја прекина електричната мрежа на целиот остров, оставајќи 11 милиони луѓе без струја, објави Волстрит журнал.