Крузер со 800 патници заразени со корона се закотви во Сиднеј

Сподели со своите пријатели

Крузер со околу 800 патници заразени со Ковид-19 се закотви во Сиднеј, Австралија.

Loading...

Majestic Princess испловел од Нов Зеланд. Кога пристигнал во Сиднеј, во крузерот имало околу 4.600 патници и членови на екипажот, што значи дека приближно секој петти имал коронавирус, пишува Би-би-си.

Овој случај потсетува на појава на коронавирус на бродот за крстарење Руби Принцес на почетокот на 2020 година, кога најмалку 900 луѓе беа позитивни, а 28 починаа.

Маргерит Фицџералд, претседател на компанијата за крстарења Карневал Австралија, рече дека голем број случаи биле откриени на половина пат од 12-дневното патување.

„Оттогаш научивме многу, многу повеќе за Ковид“

Таа додаде дека сите случаи се асимптоматски или со благи симптоми и дека персоналот ќе им помогне на сите патници кои ќе тестираат позитивно на Ковид-19 да најдат приватен превоз и сместување за правилно да ја завршат изолацијата. Бродот наскоро ќе исплови за Мелбурн.

На прашањето за споредби помеѓу ситуацијата на Majestic Princess и Ruby Princess, Фицџералд рече: „Оттогаш научивме многу, многу повеќе за Ковид“.

Се зголемува бројот на заразени со Ковид низ Австралија. Во Нов Јужен Велс за седум дена се регистрирани 19.800 нови случаи на инфекција.