„Крстосницата на смртта“ во Куманово ќе стане кружен тек

Сподели со своите пријатели

Првиот од предвидените кружни текови кои Куманово ќе ги добие со развојната програма за 2021 година, а за кој техничкото решение е скоро при крај , е кај локацијата Митев мост, каде се спојуваат булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“.

Loading...

На него беше сведена најголемиот дел од денешната дискусија за развојната програма, а власта и опозицијата се согласија дека ова е еден од проектите кои ќе бидат од големо значење за безбедноста во сообраќајот на крстосницата која ја нарекоа „Крстосница на смртта“, поради голем број сообраќајки со смртен исход на тој дел од градот.

– Обично кога како опизицјата излегуваме со негативна критика, во оваа развојна програма има дел кој по мое мислење е само за пофалба. Тоа е делот за кружните токови, изграбда на кружните токови, за кои ние одамна се залагаме, во оваа програма се влезени и тоа е за поздравување бидејќи на тој начин Куманово ќе го приближиме до еден модерен град со модерни сообраќајни решенија, бидејчи кружните токови се тренд насекаде во светот, рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски.

 

 

Овој кружен тек се очекува граѓаните да ги чини околу 36 милиони денари, а на неговото техничко работење биле ангажирани повеќе соораќајни експерти од градот и надвор од него.

– Претпе дополнително техничко решение за улицата „Моша Пијаде“ со мижност за излез или конекција со булеварот „Трета МУБ“ за да нема потреба дополнително истите возила во таа насока да го птеретуваат движењето во кружен ток, но за жал не постои, а и тогаш не постоеше такво сообраќајно решение кое би ја решило конекцијата со Митев мост со самиот кружен ток бидејќи е многу одалечен или навлегуваме во скапи процеси за експропријација, рушење објекти и куќи градење потпорни ѕидови, пресметката заовој кружен ток беше 45 милиони денари исклучително скапо собораќајно решение бидејшќи мора да се градат потпорни ѕидови и да се изместуваат подземни исналтации, на оваа локација – изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Ова нема да биде единствениот кружен тек. На денешната седница на Советот, советникот Благојче Јакимовиќ рече дека со 15 милиони денари ќе се изгради кружен тек меѓу крстосниците од булеварот „Трета МУБ“ и улица „Бајрам Шабани“.

– Точно е дека за 2021 година има два капитални објекти , крстосница меѓу „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ која треба согласно урбанистички проект да биде пренаменета во кружен ток, документцијата се изготвува и е во завршна фаза и постои за улицата од крстосница „Бајрам Шабани“, „Гоце Делчев“ до „Доне Божинов“ и „Октомвриска револуција“, изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на Сектор за комунални дејности.

 

 

Loading...

Проектната документација, како што рече Ланг Спасовска, е изработена од ЈП „Куманово план“, но дел од проектот се два кружни текови.

– Дел од овој проект се два кружни тока, „Бајрам Шабани“ – „Гоце Делечев“, а другит „Октомвриска“ и „Доне Божинов“. Во самиот потег се решаваат и сообраќајните ленти, ќе дојде до проширување на истите и уредување на тротоарите должд овој објект, изјави таа.

Откако ќе се завршат овие кружни текови, ќе следува и еден кај зелениот пазар, најави денеска градоначалникот Димитриевски, каде ќе се додаде уште една сообраќајна лента за да се реши сообрајаќниот хаос.

Никола Ивановски

Leave a Reply