Крстиќ: Општина Куманово е општина каде младите се високо на пиедесталот на приоритетите

Сподели со своите пријатели

„Општина Куманово е општина каде младите се високо на пиедесталот на приоритетите и секогаш се грижи да ги вклучува во сите процеси на донесување на сите одлуки и да го слуша нивниот глас“, вели Мартин Крстиќ кој од неодамна е назначен на позицијата службеник за млади при Општина Куманово.

Loading...

Ваквата негова реакција следува по вчерашната објава на советничката во Советот на Општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Невена Величковска дека поднела предлог за пристапување кон измени и дополнувања на Статут на Општина Куманово за формирање на Локален младински совет согласно член 135 од Статут на Општина Куманово.

– Заложбите на Општина Куманово се видливи јасни и прецизни и токму во таа насока беше назначувањето на службеникот за млади во општината, креирањето на младински политики и отпочнувањето на процесот за формирање на Локален младински совет како застапувачко и советодавно тело на градоначалникот. Вчерашната наводна грижа на советничката Невена Величковска е задоцнета и има политичка позадина со цел да создаде забуна во јавноста и китење со туѓи перја. Подобро беше да се упати претходно во активностите на општината, па потоа да дава политички мотивирани предлози, рече Крстиќ во одговорот.

 

 

Општина Куманово како што вели е прва општина која отпочнала постапки согласно член 16 став 1 од Законот за младинско учество и младински политики и веќе поднесе измени на статут со кој се предвидува формирање на Локален младински совет.

Локалната самоуправа, појаснува тој, ќе распише јавен повик за формирање на иницијативен одбор и ќе премине на одржување на локалното собрание за млади каде ќе се избираат членовите на Локалниот младински совет.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply