Кров на куќа изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кровна конструкција на куќа лоцирана на улицата „Лесковачка“ во Куманово изгорела во пожар утринава.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 04:30 до 06:40 часот на терен интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила.

Нема информации за повредени или за висината на причинетата материјална штата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово