Кривични за неколку лица поради кражби во Земјоделската задруга во Умин Дол

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против З.Д. (57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „лажно пријавување на кривично дело“ и против Д.К. (25), Д.С. (62), Д.П. (38) и Г.Ц. (44), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“. З.Д., како стечаен управник на Земјоделска задруга „СЛОГА“ ЦО с. Умин Дол, Куманово, од јануари 2012 година до 02.04.2017 година ангажирал стражарска служба, при што ги вработил останатите четворица пријавени, коишто многу малку или
воопшто не се појавувале на работното место, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На тој начин тој им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 1.776.517 денари. Исто така, во тој период, стечајниот должник останал незаштитен. Од 13 извршени кражби на мотори, опрема и разни делови од земјоделска механизација, коишто биле во кругот на стечајниот должник, доверителите биле оштетени за 1.300.482 денари.