Кривични пријави за фалсификување исправа и употреба на исправа со неточни податоци

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и М.А.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Д.Ј. откако набавил моторцикл марка „Јамаха“ по пат на механичка обработка го избришал фабричкиот број на шасијата на истиот и како таков за одредена сума на парични средства го продал на М.А. без регистарски број и без сообраќајна дозвола, кој пак го управувал моторциклот во јавен сообраќај се до 19.01.2016 година, кога со истиот учествувал во сообраќајна незгода.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.