Кривична за тепачите на момчето пред кумановската Гимназија

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д. (25), Н.С. (23) и И.Д. (20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 12.09.2017 година околу 01.35 часот на улица „Перо Чичо“ во Куманово, пријавените, заедно со уште две непознати маскирани лица, го нападнале Б.С. (23) од Куманово. Со метални шипки го удирале во пределот на рацете, главата и телото, со што му нанеле тешки телесни повреди.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.