Кривична за кумановец за поседување фалсификувана банкнота

Сподели со своите пријатели

Сeкторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.Д. (60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Осомничениот на 1 јули ваа година, во Про Кредит Банка – Филијала Охрид на банкарскиот службеник му дал 7.000 денари во апоени од по 500 и 1000 денари меѓу кои имало една фалсификувана банкнота од 500 денари.